| четврток, 6 декември 2018 |

Роденденски: Незаборавна ноќ за Ди Марија и Кавани (Видео)

Вчеравечер речиси и да бевме сведоци на една од највозбудливите фудбалски ноќи досега, ПСЖ несомнено ја уништи Барселона со резултат непознат во поновата историја.

Натпреварот иако се поклопи со католичкиот празник на вљубените и двата родендени на Ди Марија и Единсон Кавани, фудбалерите во соблекувалната имаа и дополнителен мотив за прослава, а тоа е победата над Барселона во Лигата на шампионите со убедливи 4:0.

Двата гола на Анхел Ди Марија во 18 и 55 минута, едниот на Јулијан Дракслер во 40 минута и последниот на Единсон Кавани во 72 минута беа повеќе од доволен повод за прослава во соблекувалната.

Каква беше атмосферата и роденденското изненадување во соблекувалната погледнете во продолжение:

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top