| четврток, 6 декември 2018 |

Наташа Андонова во живо го виде дебаклот на Барселона на „Паркот на принцовите“

natasa andonova

Најдобрата македонска фудбалерка Наташа Андонова синоќа беше присутна на „Паркот на принцовите“ и навиваше за тимот на Пари Сен Жермен во дуелот против Барселона во Лигата на шампионите. „Светците“ победија со убедливи 4-0 прикажаа импресивна игра и буквално го декласираа противникот, а имаа поддршка и од припадничките на женскиот тим.

Андонова оваа зима од шведскиот Розенгард направи мега-трансфер во ПСЖ и веќе се ’одомаќини’ во Париз. Таа редовно ги следи и настапите на машкиот тим на Пари Сен Жермен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top