| четврток, 6 декември 2018 |

Меч зад или во главата: Мистеријата за уникатната карта – кралот во срцe

pop srce

Во стандардните шпилови со карти единствено кралот во срце е прикажан прилично чудно и поинаку од останатите кралови. Само тој нема мустаки и го држи својот меч зад или во главата, а постојат неколку теории зошто е тоа така.

Првата вели дека тој во минатото држел секира која со текот на времето поради лошо копирање станала чуден краток меч. Втората вели дека тој е илустрација на емоционално нестабилниот Шарло седми, кралот на Франција. Тој од постојан страв дека ќе го отрујат, на крајот на таа константа параноја си го одземал животот.

Некои историчари пак веруваат дека кралот во срце го претставува кралот Ајакс Велики, а кралицата во срце Јелена Тројанска. Ајакс бил еден од додворувачите на Јелена, а кога по бројните обиди таа на крајот го одбила, тој си зарил нож во главата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top