| четврток, 6 декември 2018 |

Средба Ахмети и Села, БЕСА сѐ уште без покана за средба

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети попладнево во 18 часот во седиштето на Движењето за реформи на ДПА ќе се сретне со лидерот на Алијанса на Албанците, Зијадин Села, објави ТВ 24. На средбата најверојатно ќе стане збор за предлогот на СДСМ.
– Планираме денеска да имаме средба со ДУИ, на која ќе имаме консултации за да ги разгледаме писмените материјали кои ги доби партијата од СДСМ. Средбата е по барање на ДУИ – велат од Алијансата на Албанците за Радио Слободна Европа.

Од БЕСА пак истакнуваат дека се уште не добиле покана од ДУИ и дека таквата средба треба од нив да биде иницирана.

По средбата се очекува соопшение за јавноста.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top