| четврток, 6 декември 2018 |

Интересна понуда за Шпанија, мечот од квалификациите со Албанија да го игра во Африка?!

spanija

Фудбалската федерација на Шпанија доби интересна понуда од градоначалникот на Мелилја, Хуан Хозе Имброде, квалификацискиот натпревар за СП 2018 година во групата во која се наоѓа и Македонија, да го одигра во Африка. Всушност, се работи за Мелилја, град кој се наоѓа на северниот брег на африканскиот континент, но е шпанска енклава, опкружена со територијата на Мароко. Сепак, тоа е дел Иберијскиот полуостров и се смета за дел од Андалузија.

Оваа територија е во сопственост на Шпанија од 1947 година, иако Мароко и денес тежнее да ја припои кон себе. Клубовите од оваа област играат играат во ниските лиги на Шпанија, а доколку федерацијата ја прифати понудата ќе имаат можност да го нагостат и националниот тим.

Репрезентацијата на Шпанија, доколку секако добие дозвола и од ФИФА, би ја пречекала Албанија на 6.октомври на стадионот „Алварез Кларо“ во Мелилја, кој има капацитет од 12.000 гледачи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top