| четврток, 6 декември 2018 |

Раѓаат додека се распаѓаат: Редок феномен – мртви трудници се породуваат во гроб

Оваа појава е толку ретка што за неа ретко се расправа во медицината, но постмортем фетално истискување - познато како сандак за раѓање, навистина постои

Ова се случува кога мртва жена ќе исфрли фетус во текот на процесот на распаѓање. Од сите необични медицински феномени, овој несомнено е најморничав.
Во текот на распаѓањето бактериите во стомакот создаваат гасови кои предизвикуваат телото да набабри. Кога тоа ќе се случи во тело на мртва трудница, работите стануваат поприлично бизарни.
Кога ќе дојде до сандак за раѓање, детето се исфрла низ вагиналниот отвор на мртвата трудница кога гасовите ќе извршат притисок на матката.
sandak za ragjanje (1)
Првиот познат случај е регистриран во 1551 година за време на шпанската инквизиција. Жената била мртва 4 часа кога насобраните граѓани забележале две мртви бебиња како испаѓаат од нејзиното тело.
Последниот, пак, е регистриран во 2008 година. Убиена жена во Панама била пронајдена на поле. по аутопсијата пронајден е мал фетус во нејзината долна облека.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top