Холивудскиот мјузикл „Ла ла ленд“ на 32-годишниот режисер Демиен Шазел освои четири признанија од 11 номинации, вклучително и за најдобар филм и најдобра режија, на доделувањеto на наградите БАФТА на Британската филмска академија.
Британскиот режисер Кен Лоуч конечно ја доби првата непочесна БАФТА за драмата „Јас, Даниел Блејк“, за која веќе освои „Златна палма“ на Канскиот филмски фестивал.
Мел Брукс ја освои годишната награда награда за придонес во кинематографијата „БАФТА фелоушип“, додека 20-годишниот глумец Том Холанд од „Спајдрмен“ си го однесе дома трофејот како ѕвезда во подем.
Добитници:
Најдобар филм – „Ла ла ленд“
Режија: Демиен Шазел
Најдобра глумица – Ема Стоун („Ла ла ленд“)
Најдобар глумец – Кејси Афлек („Манчестер покрај море“)
Споредна глумица – Виола Дејвис („Огради“)
Спореден глумец – Дев Пател („Лав“)
Кинематографија – „Ла ла ленд“ – Линус Сендгрен
Оригинално сценарио – „Манчестер покрај море“ – Кенет Лонерган
Адаптирано сценарио – „Лав“ – Лук Дејвис
Визуелни ефекти – „Книга за џунглата“
Анимиран филм – „Кубо и двете жици“
Најдобар филм од неанглиско говорно подрачје – „Синот на Саул“, Ласло Немес, Габор Сипос
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Соопштени добитниците на наградата „Св. Климент Охридски“
-
Награди за есеј на тема „Визија за Скопје“ добија Кристина Шумадиева, Бојан Шашевски и Тања Сарандеска
-
Рускиот „Магичен свет“ на Катја Ветрова – добитник на наградата за најдобар филм „Ратка Илиевска-Лале“ на 9.Мобил филм фестивал
-
Михајло Куфојанис и Марија Ѓошевска ги добија наградите на Сојуз на музички уметници на Македонија