Фотографијата на атентаторот Мевлет Мерт Алтинас направено неколку секунди по убиството на рускиот амбасадор во Турција е прогласена за најдобра фотографија во 2016 година според жири-комисијата на организацијата „Ворлд прес фото“.
Фотографијата ја направи фоторепортерот на „Асошитејетд прес“ Бурхан Озбилици.
– Тоа е фотографија која навистина говори за омразата која владее во нашето време. Секој пат кога ќе ја погледнете, едноставно мора да се оддалечите од неа за да сфатите колку е експлозивна – изјави членката на комисијата Мари Ф. Калверт.
Амбасадорот на Русија во Турција говореше на отворањето на една изложба во Анкара кога од грб беше застрелан.
– Слушнав истрели. Луѓето се обидуваа да се сокријат. Бев шокиран и уплашен, но не паничев. Во тешки ситуации најчесто сум прибран. Имам одговорност да го забележам настанот – изјави Озбилици за „Си-ен-ен“.
Неговата фотографија е избрана во конкуренција на дури 80 илајди дела.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


