| четврток, 6 декември 2018 |

Зошто доматот веќе нема вкус на домат?

Одгледување домати во комерцијални цели во последните неколку децении доведе до постепено губење на неговиот препознатлив вкус, а научниците потврдуваат дека тоа не е случајно.

Меѓународен тим на експерти проучувал скоро 400 вида домати, од современи до најстар за да утврди што се случува со едно од најпопуларните светски овошја.

Тие утврдиле дека повеќедецениското одгледување на што е можно поголем домат кој ќе биде се поотопрен, довело до губење на 13 хемикалии кои влијаат на неговиот препознатлив вкус.

Експертите наведуваат дека производителите на семе можат лесно да направат доматите повторно да бидат вкусни ако применат неколку техники на вкрстување на сортите. Процесот би се одвивал во лабораториите. Научниците би мешале современи сорти на домати со стари сорти.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top