| четврток, 6 декември 2018 |

Листа на храна за која како што старееме ни се менува вкусот

Веројтно и сами сте забележале дека некоја храна која како дете не сте ја сакале, сега поинаку ја доживувате. Дури можеби некои намирници кои како дете ве терале со сила да ги јадете, сега уживате во нив. Експертите за храна откриваат на која возраст започнуваме да ја засакуваме „храната за возрасни“.

Едно истражување открило дека во просек, лицето кога ќе наполни 22 години, започнува да ја цени посложената храна., посилните ароми како што е козјото сирење, чили сосот и авокадото. Во истражувањето учествувале 1 950 Британци кои се изјасниле која храна ја мразале кога биле деца, а сега ја сметаат за одлична.

Претходно, научниците воспоставиле теорија дека нашите вкусови се менуваат со намалување на рецепторите за вкус во нашата уста, во текот на стареењето.

Бебињата се раѓаат со вродена потреба за слатки работи, како што е мајчиното млеко кое содржи шеќер и масти. Новороденчињата имаат околу 30 000 рецептори за вкус во својата уста, па силните вкусови се уште поинтензивни кај децата. До времето кога ќе пораснеме, ни остануваат само третина од рецепторите за вкус, главно на јазикот.

Ова објаснува зошто можеме да ја толерираме и да уживаме во силната храна.

КОГА ЗАПОЧНУВАМЕ ДА ЗАСАКУВАМЕ ОДРЕДЕНИ ВКУСОВИ?

  • На 19 години: лук, краставица
  • На 20 години: кари, грав, скуша
  • На 21 година: спанаќ, пиперка, црн домат, рен, школки, пармезан
  • На 22 години: мувлосано сирење
  • На 23 години: авокадо
  • На 24 години: чили сос, остриги
  • На 25 години: маслинки
  • На 28 години: козјо сирење

Според истражувањето, многумина од нас за време детството не го цениме вкусот на рибата, особено на оние со посилен вкус како скушата. Ниту зрелите сирења.
Главно започнуваме да го цениме пармезанот дури околу 21 година, а мувлисаното сирење започнува да ни се допаѓа во просек на 22 година.

Слично на ова, луѓето обично не го ценат лутото кари се до доцните тинејџерски години, а пиперката и спанаќот започнуваат да им бидат привлечни на нашите рецептори за вкус дури околу 21 роденден.

Чили сосот, краставицата, лукот, ренот и гравот, исто така се наоѓаат на листата „20 видови храна за возрасни“. Докажано е дека козјото сирење кое најмалку го сакаме додека сме деца, во просек со 28 години започнуваме да ја цениме оваа намирница.

 Уште еден вкус кој не го сакаме на нашите чинии во детството се маслинките, во кои почнуваме да уживаме на 25 годишна возраст.

 Истражувањето исто така открило дека училишните оброци имаат најголема улога во формирањето на раното мислење за храната и вкусовите.

 Податоците покажуваат дека еден од тројца возрасни јадат храна која не им се допаѓа за да не ги вознемируваат домашните. Повеќе од 10% тоа го правеле за време оброците приготвени од брачните партнери и на бизнис ручеците, или на другите семејни оброци.

 Најчеста ситуација во која започнуваме да уживаме во храната која претходно не сме ја сакале, е за време оброците со нашите пријатели. Пробувањето на нови јадења и вкусови и познавањето на луѓе кои имаат пошироки познавања за храната може да биде уште една причина.

 Нутриционистот Карен Оул објаснува дека нашиот однос кон храната се развива од најраниот период од нашиот живот и може да влијае на тоа што го јадеме во текот на животот.

 -Нашите рецептори за вкус во почетокот ја препознаваат храната како пријател или непријател а горчливата и силна храна често може да биде предупредување за да ја оставаме, па подоцна одлучуваме што сакаме, а што да избегнуваме.

 Природно е како што старееме да ги шириме хоризонтите во различни полиња и има многу надворешни влијанија кои придонесуваат луѓето да станат склони кон истражувањето во оваа возраст- вели Карен Оул.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top