Со комплетирањето на 22.коло во АБА лигата, познати се четирите тима кои ќе разигруваат за титулата за сезоната 2016/17.
По поразот на гостувањето во Белград кај Црвена звезда, хрватска Цибона ја загуби и теоретската шанса за настап во завршницата.
Актуелниот шампион Црвена звезда е прва во регуларниот дел од сезоната, а во плеј-офот ќе играат уште Будуќност, Цедевита и Партизан. Нивниот пласман ќе ги одреди паровите за полуфиналето.
Македонските клубови МЗТ Скопје и Карпош Соколи минуваат низ позитивен момент и со тоа имаат големи шанси и следната година да играат во регионалното натпреварување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.