| четврток, 6 декември 2018 |

Столтенберг очекува Црна Гора оваа година да стане членка на НАТО

­

cgora neto

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг изјави денеска дека очекува оти Црна Гора оваа година ќе стане 29 членка на Алијансата и порача дека иднината на Балканот е во евроатланското семејство.

Столтенберг во интервју за агенцијата Бета, кое го пренесува Гласот на Америка, ја поздрави одлуката на Надворешно­политичкиот одбор на американскиот Сенат да го поддржи членството на Црна Гора во НАТО и нагласи дека тој предлог има „силна поддршка од двете партии“. Тој потсети дека министрите за надворешни работи во мај минатата година потпишаа протокол за членство на Црна Гора и дека сојузниците сега го ратификуваат протоколот во согласност со нивните национални процедури.

– Дваесет и три сојузници досега го ратификуваа протоколот, а во останатите земји тоа е во тек. Очекуваме Црна Гора ова година да ја поздравиме како 29. членка, рече Столтенберг.

Тој ја истакна посветеноста на НАТО на безбедноста на Западен Балкан и изјави дека Алијансата го „остврува својот удел во изградбата на регионаната безбедност со регионалните партнери“.

– Некои земји од регионот веќе влегоа во нашиот сојуз, а уште некои тежнеат кон тоа, рече Столтенберг и напомена дека „НАТО има регионална канцеларија во Сараево, Белград и Скопје, чија цел е поттикнување на дијалогот и практичната соработка“.

Столтенберг рече дека НАТО „целосно го поддржува дијалогот меѓу Белград и Приштина и нагласи дека иднината на регионот е во евроатланското семејство, укажувајќи на потребата од намалување на сегашната затегнатост на Западен Балкан, за да се избегнат инциденти и судири.

Тој појасни дека НАТО сака да ја продлабочи својата соработка со Србија, почитувајќи ја нејзината неутралност, како соработката со Австрија, Швајцарија и Шведска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top