„Златна палма“ за најдобар филм на 66. Кански фестивал доби драмата „La Vie D’Adele“- интимна љубовна приказна за две млади жени во режија на францускиот режисер со туниско потекло Абделатиф Кечич.
Најголемо внимание во медиумите привлекоа експлицитните сексуални сцени во филмот, а филмските критичари имале само пофални зборови за оваа љубовна приказна. Филмот ја доби наградата среде масовни демонстрации во Париз против новиот закон со кој Франција ги легализираше истополовите бракови.
– Би сакал да им го посветам филмот на прекрасните млади луѓе во Франција кои ги запознав за време на снимањето на филмот. Тие млади луѓе мене ме научија многу за духот на слободата и за заедничкиот живот – рече режисерот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Хироказу Коре- Еда ја освои „Златната палма“ на Канскиот фестивал
-
Публиката во Кан масовно ја напушти проекцијата на филмот поради сцени со насилство
-
Одлична промоција на Македонија како филмска дестинација на Канскиот фестивал
-
Успешна проекција на „Ефектот на среќа“ за странски дистрибутери на Канскиот фестивал