Македонско друштво „Илинден”-Тирана и неговиот огранок Голо Брдо реагира на, како што истакнуваат, „продолжените тенденции на Друштвото за бугарско – албанско пријателство дека во Албанија живеат Бугари, бидејќи тоа е груб фалсификат, зашто во Албанија ниту имало ниту има Бугари.
– На веб порталот Татковина.мк им порачуваме да не бидат ментори и со нивното помагање во однос на соопштенијата со кои се обидуваат да ја оцрнат и омаловажат борбата на Македонско друштво ‘„Илинден’’-Тирана и огранок за Голо Брдо во однос на правата на македонското национално малциство во Албанија. Согласно реалната состојба во Албанија, уште еднаш ги отфрламе тврдењата на Друштвото за бугарско – албанско пријателство од Корча, дека во Албанија нема население кое се чувствува како Бугари, стои во денешата реакција на „Илинден“.
Пласираните тврдења, се додава во реакцијата, македонското национално малцинство во Албанија ги оценува како груб фалисфикат на историјата и вистината. – Обидот нивната националност да се прикаже како бугарска, Македонците категорично ги отфрлаат и нагласуваат дека во Албанија ниту имало, ниту денес има Бугари. Секако, ова не се однесува на членовите на Друштвото за бугарско – албанско пријателство од Корча, кои со своето одродување и со земените бугарски пасоши се обидуваат да создадат привид за постоење Бугари во Албанија, се наведува во реакцијата.
Се додада дека бројот на „ново создадените Бугари“ е безначаен, податок кој е познат на целата јавност и број кој е недостоен за разговор“.
– Македонците се категорични дека поради безначајната бројка на „Бугари“ бугарската политика манипулира со бројка која е валидна за постоечкото македонско национално малцинство во Албанија, наведуваат од МД „Илинден“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.