| четврток, 6 декември 2018 |

Нов оружен инцидент во САД: Двајца убиени, петмина ранети во Тексас

Оружјето не мирува во САД. Вооружен напаѓач во Тексас убил еден, а ранил пет луѓе откако испукал повеќе куршуми од неговиот камионет.

Меѓу ранетите бил и шерифот на областа Кончо Каунти, која се наоѓа на околу 350 километри од Далас, каде што и се случил инцидентот.

Како што јавуваат агенциите, напаѓачот бил убиен во престрелка со полицијата. Мотивите за нападот сѐ уште не се познати.

Според американските медиуми, напаѓачот бил 23-годишно момче од Северна Каролина, чиј идентитет не беше соопштен затоа што неговото семејство сѐ уште не било известено за инцидентот.

Пред да биде убиен, тој утрото во 4.30 часот по локално време смртно ја застрелал 41- годишната Алиса Торес, додека била во нејзиниот автомобил во градот Еола, а потоа ранил уште пет други случајни минувачи, меѓу кои и шерифот Ричард Доан.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top