Сè погласни се шушкањата дека е само прашање на денот кога принцот Хари ќе ја запроси својата девојка, актерката Меган Маркл.
Сепак, пред да дојде до тоа, според кралската традиција, тој мора да бара дозвола од својата баба кралицата Елизабета
Пред воопшто да започне да размислува за венчавка, принцот Хари и Меган Маркл, мораат да добијат дозвола од неговата баба. Според пишувањето на магазинот „Пипл“ тоа не е само знак на почитување на 90. годишната кралица Елизабета Втора, туку како петти престолонаследник по ред, Хари мора да го добие нејзиниот благослов.
Имено, според законот кој е донесен во 1772 година, кралот или кралицата морале да му дадат дозвола на секој член на семејството кој сака да ја озакони својата врска. Низ годините, малку „омекнале“ па сега тоа се однесува само на првите шест престолонаследници, што ги вклучува принцевите Чарлс, Вилијам, Џорџ,Хари, Ендрју и принцезата Шарлот.
Бидејќи веќе наголемо се шушка дека е во прашање денот кога принцот Хари ќе клекне и ќе ја запроси својата девојка, ќе мора да се подготви и на службениот ден во кој кралицата ќе даде своја согласност. Меган Маркл сè уште не ја запознала бабата на Хари, иако во последно време многу време минува во Лондон, и тоа во станот на принцот Хари кој се наоѓал во Бакингемската палата.
Истата процедура ја минала и Кејт Мидлтон, која ја запознала кралицата дури откако со принцот Вилијам била неколку години во врска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расте од ден во ден: Нови фотографии од бремената Меган Маркл!
-
Надвор од протоколот: Меган размислува да се породи дома!
-
Не можела веќе да издржи: Помошничката на Меган која даде отказ, откри страшни детали за кралското семејство!
-
Принцезите на воена нога: Како лошите односи на Кејт и Меган од џебот на Британците ќе извадат пет милиони фунти