Сувата и груба кожа третирајте ја со крем наменет за овој тип кожа. Или правете една ефикасна вежба: легнете на стомак, а потоа издигнете го телото од земја и задржете се во таа положба колку што можете. Ова е најдобра вежба за зајакнување на мускулите во средишниот дел на телото. За постигнување максимални ефекти, направете три сета од оваа вежба – за секој треба да издвоите барем една минута.
Прво направете пилинг, а потоа нанесете спреј на нозете, гел или крем за самопотемнување. На тој начин ќе ги прикриете испуканите капилари и визуелно ќе ги истенчите нозете. Процесот на самопотемнување започнува од врвот на надворешниот дел на бутовите до внатрешната страна на колената. Истата постапка повторете ја и од внатрешната страна на бутовите.
Тоа е совршена шминка за вашите нозе!
Специјален коректор што содржи екстракти од бел чај и од дудинки е совршено средство за белеење на дамките од сонце и другите видови хиперпигментација, кои ја нарушуваат убавината на вашите раменици и на рацете. А ако главоболка ви создаваат лузни, бенки, модринки или стара тетоважа, прикријте ги со помош на водоотпорна шминка за тело.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.