| четврток, 6 декември 2018 |

Што му напиша убавата битолчанка Елени Каринте до нејзиниот сакан Кемал Ататурк

Во Битола и денденес се чува споменот за убавата Елени Каринте, првата и неостварена љубов на Мустафа Кемал Ататурк. Приказната за балканските Ромео и Јулија е мотив тур­ски­те ту­ри­сти да ми­ну­ва­ат ил­јад­ни­ци ки­ло­ме­три за да ја по­се­та­та спо­мен-со­ба­та во би­тол­ски­от му­зеј, да се фо­то­гра­фи­ра­ат под бал­ко­нот на Ка­рин­те, но и да го чи­та­ат пис­мо­то што таа му го на­пи­ша­ла на Ата­турк.

 

До Ке­мал Ата­турк,
не­ка­де и не­ко­гаш!

По­ми­наа тол­ку го­ди­ни, а јас ете уште се­кој ден че­кам абер од те­бе.  Ако не­ко­гаш го до­би­еш пис­мо­во, се­ти се, ви­ди ги сол­зи­ве на хар­ти­ја­ва… Го­ди­ни­те си вр­ват.  Ов­де­ка се збо­ру­ва за те­бе.  Не­што се слу­чу­ва.

Ако ги чи­таш овие ре­до­ви до­де­ка љу­биш не­ко­ја дру­га же­на, иски­ни го пис­мо­во и пра­шај ја неа да­ли ве­ру­ва де­ка не­ко­ја си Еле­ни Ка­рин­те од Би­то­ла го по­ар­чи­ла цел жи­вот за еден чо­век со ко­го би­ла са­мо еден ден.  Ако ја љу­биш неа, ка­ко што јас те љу­бам те­бе, не ка­жу­вај ѝ ни­што, не­ка би­де среќ­на ако си и ти.

Ако, пак, уште ја па­ме­тиш де­вој­ка­та од Бал­ка­нот и не љу­биш дру­га, знај де­ка те че­кам.  Ќе те че­кам се­кој ден, цел жи­вот… Знам де­ка ќе се вра­тиш, де­ка не си за­бо­ра­вил.

Та­тко ми умре.  Има ве­ќе це­ла го­ди­на.  Тој ден ко­га ме граб­на од те­бе, ме зак­лу­чи до­ма.  Не ме пу­шти цел ме­сец.  Не пла­чев.  Зна­ев де­ка џа­бе ќе се си­те ка­тан­ци и за­тво­ри.  Чо­ве­кот со кој тој са­ка­ше да се зе­мам го ви­дов са­мо ед­наш.  Ме пра­ша да­ли не­ко­гаш ќе мо­жам да го љу­бам… му ре­ков: не!  Си го љу­бам пр­во­то ли­бе.  По­ве­ќе не го ви­дов.

Та­тко ми ни­ко­гаш не ми про­сти.  Ни јас не­му.  Не­кол­ку де­на пред да умре ме вик­на кај се­бе… ре­че: Знам де­ка згре­шив, но знам и де­ка ни­ко­гаш не бев до­бар та­тко.  Не ба­рам да ми про­стиш, не ба­рај ни ти!  Бог не­ка ни про­сти на двај­ца­та.  Са­кав нај­до­бро, а на­пра­вив нај­ло­шо.
Та­тко ми не бе­ше лош чо­век!
Не сум ве­ќе мла­да и уба­ва ка­ко то­гаш.
Цел жи­вот еден ден…

Веч­но те са­ка и се­ко­гаш ќе те че­ка 
веч­но тво­ја
Еле­ни Ка­рин­те

Прочитајте ја нај­го­ле­ма­та љу­бов­на са­га на овие про­сто­ри тука.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top