| четврток, 6 декември 2018 |

Бебињата кои цицаат имаат повеќе шанси да бидат богати луѓе

Тврдењето на научницте за првата директна асоцијација помеѓу доењето и повисоките приходи во животот, во студија која ја објави Лансет, стои дека мајчиното млеко води до повеќе пари во подоцнежната возраст. Интересно. Истражувањето започнало во Пелотас, во Бразил, со речиси шест илјади бебиња. Кога овие бебиња стасале на 30-годишна возраст, научниците можеле да соберат податоци за IQ (коефициент на интелигенцијата), образованиете и за приходите за речиси половината од нив.

Првите сурови анализи покажуваат позитивна врска помеѓу вкупната должина на доењето вообичаените доења, и трите фактори кои ги спомнавме. Заклучокот е: бебињата кои биле доени 12 месеци или подолго, имале повисок IQ поени и заработувале повеќе од оние кои биле доени само еден месец.

-Резулатот од нашата анализа за медијација наведува дека IQ придонесува за 72 проценти од ефектите во примањата – вели д-р Бернардо Леса Хорта и други кои се наведени во студијата.

Споредбата на кандидатите кои биле доени 12 месеци или повеќе со оние кои биле доени помалку од еден месец, покажува повисоки приходи од скоро 300 риали или 20 проценти над просекот

Студијата изгледа исто ја отвара темата дека доените бебиња се вообичаено во добро стоечки домови, каде парите не се проблем и можеби мајката не мора да брза да се врати на работа. Научниците велат дека кога истражувањето започнало, свесноста за бенефитите од доењето во Бразил биле ретки, без „јасни социјални одредници во врска со доењето“ поврзани со приходите во семејството или со образованието на родителите.

Се разбира, бројни истражувања го покажале сосема спротивното – дека мајките со повисоко образование и повисоки примања можат подолго да дојат, затоа што не се врзани со ниско платени работи и нечувствителни работодавачи. Како оваа вработена во Мекдоналдс која била присилена да се измолзе во јавно веце кое било петнаесет минути оддалечено од ресторанот. Иронично, но потешко им е на жени со пониски примања да дојат, а можеби се тие оние чии деца треба повеќе да заработуваат за да го извлечат целото семејство од сиромаштија.

Извештајот за доењето за 2014 година на Центарот за контрола на болестите и превенција во САД, открива дека државите кои општо имаат пониски примања исто имаат ниска стапка на доење (извор Дејли бист).

Многу медиуми ја објавија оваа приказната и кај повеќето од нив одделите за коментари беа преплавени во врска со вжештената дебата за неуспехот или за отсуство на неуспехот кај мајките. Да се соочиме со тоа, мајките веќе со години слушаат за користа од доењето – поздрави деца, помалку алергии, помалку ушни инфекции, подобри резултати на тестови. Отсекогаш постоел притисокот искомплициран со предизвиците од нивното вкорпорирање во едно амбивалентно општество. Многу мајки ги дојат своите деца, но не сите сакаат или можат, без разлика дали заради физички, емоционални, финансиски или други причини.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top