Добри вести за сите оние кои што не поднесуваат бучава- Можеби сте генијалец! Психолозите од Универзитетот „Нотрвестерн“ откриле дека бучавата повеќе им пречи на креативните луѓе отколку на луѓето со просечна интелегенција.
Студијата што е објавена во списанието „Невропсихологија“ го испитува феноменот познат како „сензорска врата“, кој одредува колку информации од околината влегува во свеста на личноста. Мозокот воглавно филтрира непотребни информации, но луѓето што имаат попустлива „сензорска врата“ водат битка како од свеста да ги исклучат информациите кои им пречат. Истражувачите веруваат дека оваа хиперсензитивност придонесува за креативноста бидејќи таа го проширува опсегот на вниманието.
За да го потврдат тоа, истражувачите замолиле 97 кантитати да го пополнат тестот за креативно размислување и да одговорат на прашањата за достигнувањата во науката и уметноста. Им дале уште еден тест и додека го решавале им пуштале разни звуци и мереле колку од нив се филтрираат во свеста. Резултатите покажале дека креативните луќе се почувствителни на звуците од околината.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.