| четврток, 6 декември 2018 |

Манчестер јунајтед е тимот со најмногу продадени дресови во 2016 година

mancester-junajted

Не игра во Лигата на шампионите, во домашното првенство е на шестото место, но и покрај тоа англискиот гигант, Манчестер Јунајтед, во 2016 година повторно продаде најмногу дресови ширум светот. „Црвените ѓаволи“ со продадени 2,85 милиони дресови се убедливо први на оваа листа и зад себе ги оставија шпанските гиганти, Реал Мадрид и Барселона.

Бранителот на титулата во Лигата на шампионите, Реал Мадрид е на втората позиција со продадени 2,29 милиони дресови, додека шампионот на Примера, Барселона е трет со нешто помалку од 2 милиони продадени дресови.

Четвртото место го зазема Челзи, (1,65), петти е Баерн Минхен (1,5), а топ-10 го затвора италијанскиот џин Милан со вкупно продадени 650.000 дресови во 2016 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top