Важен триумф запишаа фудбалерите на Реал Сосиедад на синоќешното гостување во Барселона кај Еспањол по што направија уште еден чекор кон обезбедување пласман во Лигата на шампионите.
Победата од 2:1 беше остварена со погодоците на Карлос Вела и Асеир Иљараменди. Голот за Еспањол го постигна Ернан Перес но тоа не беше доволно Еспањол да ја продолжи серијата од три победи по ред.
Денес се играат четири дуели од 22.коло во Примера:
Бетис – Валенсија,
Алавес – Барселона,
Атлетик Билбао – Ла Коруња и
Осасуна – Реал Мадрид.
Двојките за утре се:
Виљареал – Малага,
Легањес – Спортинг Хихон,
Лас Палмас – Севиља и
Атлетико Мадрид – Селта.
Последниот дуел е закажан за понеделник меѓу Еибар и Гранада.
Табела: Реал Мадрид 46 бода, Барселона 45, Севиља 43, Сосиедад 41, Атлетико Мадрид 39, Виљареал 35,….
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.