Британската полиција го истражува случајот со пронаоѓање на стотици килограми кокаин на плажа во Хоптон Бич.
Случајот бил пријавен од страна на минувачи, а експертите останале зачудени која виделе за што се работи. На површина почнале да испливуваат и други пакети и да пристигнуваат на брегот.
Вкупната количина на пронајден кокаин е 360 килограми кој ја улиците би вредел повеќе од 60 милиони евра.
Уште не е прецизно познато како дрогата завршила во вода, но една од теориите е дека криумчарите во договор ја фрлиле во вода за подоцна да ја земат или се „спасиле“ од неа бидејќи полицијата им била зад пети.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.