| четврток, 6 декември 2018 |

Оваа билка привлекува пари, а се чува покрај влезната врата

Drvo-novca-para-620x350

Во источните култури се верува дека билките се главните предмети во домовите кои ја примаат негативната енергија и му помагаат на семејството. Не само тоа, туку тие веруваат дека билките шират енергија и вибрации кој во вашиот дом може да привлечат среќа, љубов, здравје, па и богатство. Таква билка е Сукулент красула или јапонско дрво чии крупни заоблени листови потсетуваат на монети.

Според фенг-шуи, се смета дека присутноста на ова растение ги привлекува парите, а се верува и дека позитивно влијае на работата и дека „прави пари“ со неговите месести листови. Растението не бара многу, отпорно е, а ако се грижите за него може долго да трае.

Сè што му треба е светлина, затоа што без неа листовите ќе се осветлат, а растението ќе се издолжи. Во топлите делови од годината може да се изнесе надвор, но важно е да не се изложува директно на сонце. Секако, тогаш потребно е повеќе да се залева, но тоа треба да се става вода само кога земјата е потполно сува. Имено, ако земјата е премногу влажна, листовите може да паднат, а коренот да изгние.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top