| четврток, 6 декември 2018 |

Пронајдена бомба на крстосница во Тетово

Вчера околу 17:20 часот во Тетово на крстосницата од ул.„Браќа Миладинови“ и ул. „Мурат Бафќари“, кај Балезова чешма, Д.А.(1966) од Тетово, пронашол рачна бомба, која ја замотал во најлонска кеса и ја донел во полициска станица во Тетово.

Од страна на тетовската полиција, бомбата е обезбедена и во 20 часот е предадена на пиротехничар од ДЗС.

СВР-Тетово презема мерки за расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top