| четврток, 6 декември 2018 |

Нов земјотрес во реонот на Чанакале

Нов земјотрес со интензитет од 5 степени според Рихтеровата скала денеска е регистиран во реонот на турскиот град Чанакале.

Како што соопшти истанбулската опсерваторија „Кандили“, земјотресот се случил во 11:55 минути по локално време (10:55 часот по средноеврооско време) на длабочина од 5,5 километри под површината на земјата во селото Јукарќој во областа Ајваџик.

Ова е петти земјотрес во реонот на Чанакале со интензитет од над 5 степени од почетокот на неделава.

Турските медиуми јавија дека денешниот потрес траел кусо, но, сепак, предизвикал дополнитени штети на веќе оштетените објекти од претходните земјотреси неделава.

Според локалните власти, во земјотресите се оштетени над 300 куќи и други објекти, од кои поголем број се во селото Јукарќој, кое е во центарот на реонот на сеизмичка активност.

Турските сеизмолози оценија дека реонот на Чанаккале е зафатен од т.н. земјотресна бура. Во овој дел на Турција по последниве пет дена се регистрирани над 400 земјотреси со различен интензитет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top