
Легендарниот аргентински фудбалер Диего Армандо Марадона ќе биде една од новите перјаници на ФИФА и ќе почне да работи како промотер на фудбалската игра во светот. Тој ќе биде спортски амбасадор на Светската куќа на фудбалот и ќе има задача да патува и да ја промовира најважната споредна работа на светот. Марадона воодушевено ја објави веста и на својот профил на „Фејсбук“.
– Сега е официјално. Конечно, ја исполнив мојата животна желба да работам за чиста и транспарентна ФИФА, со луѓе кои навистина го сакаат фудбалот. Сакам да им се заблагодарам на тие што ми дадоа доверба за овој нов предизвик – изјави Диего Марадона.
Аргентинскиот фудбалски ас беше еден од најголемите критичари на Сеп Блатер и корупцијата што владееше во ФИФА во неговиот период, а сега е близок соработник на новиот претседател, Џани Инфантино.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


