| четврток, 6 декември 2018 |

Двајца загинаа во снежното невреме во САД

nevreme
Силна снежна бура го зафати североистокот на Соединетите Американски Држави во четвртокот, при што наврнаа 30 см снег, а поради тоа беа откажани илјадници авионски летови и беа затворени училишта.

На невремето може да му се припишат и две жртви, јавува „Ројтерс“.
Невремето дојде еден ден откако температурите достигнаа од 10-16 степени во тој регион, со ветришта од 80 километри на час, по што улиците во Њујорк, Бостон, Хартфорд и други градови станаа прилично непроодни, лизгави и опасни за пешаците.
Бурата достигна длабоко на југ до Вирџинија, каде што возач на камион загина откако неговата приколка се излизгала во тунел.
Вратар во Њујорк е втората жртва. Тој чистел снег и паднал по скали, по што удрил во стакло од врата кое му го пресекло вратот.
Предупредување од невреме останува и за петок, кога се очекува силен снег.
Речиси две третини од летовите на трите њујоршки аеродрома беа откажани, а во целата земја се откажани 4.000 летови, додека 5.700 летови биле задоцнети.
-Патиштата се опасни – вели гувернерот на Њујорк, Ендру Куомо.

„Не ми е гајле дали имате возило со погон на четири тркала и мислите дека сте суперхерој… ако не треба да излезете од дома, не излегувајте“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top