Повеќето од спортистите што настапуваат во Барселона живеат во елитната населба Кастелдефелс. Но, и во елитното опкружување може да се јават проблеми со соседите. А, токму тоа му се случило на Лионел Меси кога се доселил во Кастелдефелс. Неговиот соиграч од Барселона, Хравтот Иван Ракитиќ открива еден интересен настан врзан за Меси и за неговата преселба.
– Со соседите немаме проблем, како што имаше, на пример, Меси кога купи куќа во Кастелдефелс. Соседите му беа прегласни, па Меси мораше да ја купи и нивната куќа за да има мир во својот дом – откри Ракитиќ во едно интервју.
За разлика од Меси, Хрватот имал повеќе среќа со соседите во елитната населба. Во соседството му се Суарез и Маскерано.
– За среќа, јас немав такви проблеми. Првиот сосед ми е Германец, повозрасен човек, директор на една автомобилска куќа. А, можеби ни се погоди и локацијата бидејќи ние живееме во Гава Маре, место на каталонскиот брег меѓу Виладеканса и Кастелдефелс. Овде мир најдоа и некои од соиграчите, тука е Суарез, а од соиграчите најблиску сме со Маскерано, кој живее на две куќи од мене – раскажува хрватскиот фудбалер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.