Се чини дека латинодивата Џеј Ло никогаш не се чувствувала позадоволна од своето тело, барем ако судиме по фотографиите кои ги објавува на социјалните мрежи. Имено, атрактивната пејачка редовно објавува провокативни фотки поради кои фановите ѝ упатуваат безброј комплименти на сметка на нејзиниот беспрекорен изглед. Така, пак, вели дека сега се чувствува поубаво отколку на 20 години.
Славната пејачка е позната во јавноста по своите неуморни настапи и брзиот ритам на живот. Моментално настапува во Лас Вегас, а своите фанови редовно ги радува со секси фотки.
Така, сега ги воодушеви следбениците на „Инстаграм“ со фотографија на која носи бел мини-фустан кој ги откри нејзините совршено извајани нозе.
Но, убавата Џенифер не запре тука. Таа одлучила на фановите да им ги покаже сите детали на костимот кој го носела на настапот во Лас Вегас, а во кадар се нашло и нејзиното раскошно деколте.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.