Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан вечерва во Собранието на Република Македонија ги заврши средбите со лидерите на политичките партии кои освоија мандати во Парламентот на предвремените избори одржани на 11 декември минатата година.
Хан ја почна серијата средби со лидерот на Беса, Билал Касами, по што имаше одделни разговори и со Зијадин Села од Алијансата за Албанците, со Мендух Тачи од ДПА, со лидерот на ДУИ Али Ахмети, со лидерот на СДСМ Зоран Заев и со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.
По средбите со Хан претставниците на Беса, Алијансата на Албанците, ДПА, ДУИ и на СДСМ во изјава за медиумите истакнаа дека со еврокомесарот разговарале за актуелната политичка ситуација во Македонија и за нивните ставови во врска со формирањето на новата Влада. За средбата Груевски – Хан, како што најави пратеникот Илија Димовски, ВМРО-ДПМНЕ ќе информира преку партиско соопштение.
Еврокомесарот Јоханес Хан вечерва останува во Скопје и утре изутрина треба да има средба со претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов. Се очекува пред заминувањето од Македонија, Хан да ја информира јавноста за своите видувања од средбите со македонските политички претставници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Хан: Очекувам објаснување за азилот на Груевски, се работи за кредибилитетот на Европа!
-
Мицкоски – Хан: Евро-атлантската интеграција е клучен фактор за стабилност и просперитет во регионот
-
Хан: Имате рандеву со историјата!
-
Прес-конференција на премиерот Зоран Заев и еврокомесарот Јоханес Хан (во живо)