Споредено со четврток, петок нема да донесе промена на метеоролошката состојба низ земјава. Останува воглаво облачно, претежно со слаб ветер, освен во југозападниот крај, каде повремено ќе дува умерен источен ветер. Можно е на крајните јужни делови од земјава да „пропрска“ сосема слаб дожд.
Наутро минималната температура ќе има вредности помеѓу 0°С и 4°С, додека на повисоките места таа ќе има вредности помеѓу -4°С и 0°С.
Максималната температура ќе има вредности во границите помеѓу 5°С и 9°С низ поголемите населени места во земјава.Скопскиот крај очекува претежно облачно време, со услови повремени, краткотрајни сончеви периоди. Минималната температура ќе има вредност околу 2°С, додека максималната температура нема да надмине 8°С.
метеопро
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Денеска е неверен петок – обратете внимание на партнерот, бидејќи ова е денот кога најмногу се изневерува!
-
Верувања за Белиот петок-денеска не се пости, но денот се започнува со ова…
-
На полноќ започнува Балаклија, празник на мајката Божја, прв петок по Велигден: Направете го ова за да бидете здрави и среќни!
-
Петок е денот, повик за голем народен собир за заедничка Македонија