| четврток, 6 декември 2018 |

Чеферин: Поднесовме барање до ФИФА, се надевам на позитивен одговор

aleksandar ceferin

Светската куќа на фудбалот на своето последно собрание и официјално соопшти дека Светското првенство во 2026 година ќе сочинува 48 селекции, односно 16 повеќе од досегашниот формат кој ќе биде практикуван и на следните две големи натпреварувања во 2018 и во 2022 година.

Ваквата конечна одлука на ФИФА предизвика доста реакции и наиде на доста спротивставени ставови околу тоа дали проширениот мундијал е добра опција за фудбалот, но денеска токму оваа тема повторно стана актуелна откако од УЕФА испратија директно барање до Инфантино и неговите соработници.

Претседателот на УЕФА, Александер Чеферин, доставил официјално барање Европа да има 16 учесници на проширеното Светско првенство, со тоа што исто така се бара сите 16 европски селекции да ја прескокнат првата прелиминарна фаза од мундијалот и да се најдам директно меѓу 32-те најдобри екипи.

– Ставот на УЕФА е многу реален и се надевам дека ФИФА ќе одговори позитивно на нашето барање – истакнал Чеферин при своето денешно излагање.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top