| четврток, 6 декември 2018 |

Исчезнал пред 5 години, го нашле на друг континент

missing-620x350

Канаѓанец кој исчезнал пред 5 години бил пронајден 6 500 километри од својот дом во Бразил. Антон Пилипа исчезнал од Ванкувер во 2012 година, а во последниве 5 години поминал низ два континенти скоро бос.

Го забележал полицаец во Бразил кој најпрво помислил дека е просјак. Немал лична карта, но преку амбасадата било утврдено дека е државјанин на Канада. До тогаш, неговото семејство останало без надеж дека некогаш повторно ќе го види, кога примиле повик кој ги направил пресреќни.

– Бев воодушевен. Си реков, до сега сигурно загинал, но никогаш не престанав да се надевам. Длабоко во себе верував дека е жив, изјавил неговиот брат Стефан.

Поранешниот хуманитарен работник, кој има историја на шизофренично однесување, успеал да пропатува низ најмалку 10 земји меѓу кои биле и САД, Панама, Аргентина и Бразил најверојатно без пасош и без багаж.

missing-poster

Стефан за новинаритеизјавил дека бизарната цел на неговиот брат била да стигне во библиотеката во Буенос Аирес, а за чудо таму и стигнал, но бил вратен од библиотеката бидејќи немал документи.

Потоа залутал во Бразил каде и бил пронајден. Неговото семејство објавило и оглас дека е исчезнат во кој за било каква информација понудиле и награда од 12 илјади долари. Антон преживел бидејќи јадел работи кои ги наоѓал во контејнери, а најчесто патувал со стопирање автомобили и камиони. Исто така открил дека и му помагале љубезни странци.

Антон за ББЦ изјавил дека никогаш не се почувствувал осамен. Спиел на отворено и додал дека не му требало многу за да преживее. Сега е на бебедно со своето семејство во Торонто каде се лечи од шизофренија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top