Два месеци трае агонијата на семејството Мирчески, кое исто толкав период трага по нивниот исчезнат член, 54-годишниот Владо Мирчески, кој по потекло е од прилеско, но веќе четири децении живее и работи во Скопје, објави телевизијата „Сител“.
Според неговите најблиски, Владо немал психички проблеми, во брак бил 30 години и има две веќе возрасни деца. Со семејството живеел во населбата Горно Лисиче, а работел како ноќен чувар во sтовариште во Скопје. Последен пат бил виден на 10 октомври, околу 7.30 ч. во „Рамстор“ од кога му се губи секаква трага, а оттогаш е недостапен и на мобилниот телефон.
Случајот веднаш бил пријавен и во полиција, но, засега потрагата не дала никави резултати, вели неговата очајна сестра која живее во Кривогаштани. Таа се плаши дека нејзиниот брат го има снајдено најлошото, бидејки сите места за кои што сметале дека можат да бидат негово евентуално засолниште, ги пребарале.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.