Вчера околу 12.30 часот во населба Рача во Охрид, С.Р. (42) од с. Стрелци, Кичевско, при работа паднал од бандера и се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во Медицински центар Охрид.
Поради сериозноста на повредите истиот бил препратен во Клинички центар Скопје, но набргу по пристигнување во Кичево починал.
С.Р. бил вработен во фирма подизведувач за потребите на ЕВН, и во критичниот момент бил качен на бандера висока осум метри за да ги отстрани жиците. Бандерата се скршила во долниот дел по што Р.С. и бандерата паднале на земја.
Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и екипа од СВР Охрид. По наредба на јавен обвинител денеска над телото на починатиот ќе се врши обдукција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.