Околу половина од испитаните македонски граѓани го поддржуваат проектот „Скопје 2014″, речиси подеднакво христијаните и муслиманите му веруваат на својот верски лидер, а висока е поддршката од за владините роуд шоуа, покажа последната анкета на Институтот „Димитрија Чуповски”.
48,6 отсто од Македонците и 32,3% отсто од Албанците се изјасниле за поддршка на проектот Скопје 2014. Вкупно поддршка има кај 45 отсто од испитаните. Речиси исто толку или 44.8 отсто не го поддржуваат проектот.
И Македонците и Албанците, но и припадниците на други етнички групи сметаат дека се оправдани, односно даваат резултати, роад-шоуата на Владата за привлекување на странски инвестиции.
Така, за овие роуд шоуа гласале 59,8 отсто од Македонците, 51 отсто од Албанците, а вкупно поддршка изразиле 57,8 отсто од испитаниците.
Дека раководството на МПЦ (ИВЗ за муслимани) ја исполнува својата мисија кон христијаните (муслиманите) во земјата сметаат 50 отсто од христијаните и 49 отсто од муслиманите.
На поглаварот на МПЦ (ИВЗ за муслимани) му веруваат 43,2 христијани и 44,6 отсто муслимани.
Дека тој е чесен човек (за христијани поглаварот на МПЦ за муслимани на ИВЗ) сметаат 39 отсто од христијаните и 45,2 отсто од муслиманите.
Позитивно мислење за верскиот водач имаат 48,8 отсто од христијаните и 49 отсто од муслиманите.
Ова е третиот дел од телефонското истражување, спроведено помеѓу 17 и 21 мај 2013 година, на 1050 испитаници, од Институтот „Димитрија Чуповски”.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Анкета: Секој втор граѓанин е против каква било промена на името
-
Анкетно прашање, каде се наоѓа Г – точката: Кај жените мислам дека е зад увото… (видео)
-
Анкета: Македонците имаат позитивно мислење за Србија, а негативно за Косово, Албанија и Грција
-
Македонците оптимисти: Очекуваат економски простперитет во 2018 година