| четврток, 6 декември 2018 |

Балак го советува Озил: Треба да си заминеш од Арсенал

mesut-ozil

Поранешниот играч на Баерн Минхен и на Челси, и репрезентативец на Германија, Михаел Балак, во интервјуто за германски „Билд“ го советува Месут Озил да го напушти Арсенал.

Балак смета дека Арсенал тешко би можел да стигне до трофеи под водство на менаџерот Арсен Венгер.

– Месут е одлучен играч. Голем број екипи сакаат да го видат во своите редови. Знае и може да направи разлика на теренот и неговата екипа да победи. Тој е херој за навивачите на Арсенал и сите го сакаат. Сепак, доколку мисли и сака да освои титула, тоа полесно може да го стори во Баерн Минхен – изјави Михаел Балак.

Арсенал ги почна преговорите со менаџерот на Озил за продолжување на договорот кој му истекува во 2018 година. Германецот сега бара 200.000 фунти неделна плата што би можело да ги стопира преговорите. За услугите на Озил се заинтересирани речиси сите европски гиганти што можат да ја платат сумата за неговата плата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top