| четврток, 6 декември 2018 |

По пауза од седум години: Џек Николсон повторно ќе снима филмови

По пауза од седум години, актерот Џек Николсон му се враќа на снимањето. Неговиот последен филм „Од кај знаеш“ (How Do You Know) излезе во 2010 година.

 Според американските медиумите, тој и Кристен Виг ќе глумат во римејкот на германскиот филм „Тони Ердман“. Оригиналот, кој дебитираше во Кан минатата година, беше номиниран за најдобар странски филм на годинашниот „Златен глобус“ и на претстојните награди Оскар. Се работи за татко мајтапчија што се обидува повторно да се зближи со својата ќерка – целосно посветена на работата, така што претендира да му биде животен учител на нејзиниот извршен директор, а 80-годишниот Николсон, наводно, го обожава филмот (се зборува дека негова била идејата да се направи верзија на англиски јазик).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top