Според резултатите од неодамнешната студија на американските истражувачи, дебелите лица (чијшто индекс на телесна маса е поголем од 30) би можеле значително да го подобрат нивното здравје доколку загубат пет проценти од телесната тежина.
Иако станува збор за релативно мал број килограми, оваа загуба би можела да го намали ризикот од дијабетес и кардиоваскуларни заболувања, како и да ја подобри функцијата на црниот дроб.
При истражувањето е забележано дека учесниците што загубиле пет отсто од сопствената тежина ја подобриле ефикасноста на клетките што лачат инсулин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.