| четврток, 6 декември 2018 |

И Македонија знае да кугла – сребро за нашата репрезентација

Кугларска репрезентација на Македонија го освои сребрениот медал на Светското екипно првенство во куглање, кое вчера заврши во унгарскиот град Залаегершек.

Во големото финале македонските куглари, загубија од фаворизираната селекција на домаќин Унгарија со 7:1, откако неколку часа претходно го совладаа сега веќе поранешниот светскиот првак Србија со 5:3.

Поразот од Унгарија беше единствениот за „црвено-жолтите„ на Мундијалот на кој до диналето забележаа пет победи и тоа: Македонија-Црна Гора 7:1, Македонија-Полска 7:1, Македонија-Чешка 8:0, (четвртфинале) Македонија-Австрија 6:2, (полуфинале) Македонија- Србија 5:3.

Големиот успех за Македонија го обезбедија: Дамир Фучкар, Бојан Влаќевски, Сашо Трпковски, Александар Соколовски, Борис Бенедик и Урош Штоклас.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top