Раководството на екипата на Голден Стејт Вориорс реши за нијанса да ги зголеми цените за влезниците на натпреварите на екипата во наредната година. Се очекува некаде околу 15-25% покачување за влез во „Оракл арената“.
Најефтините билети за да ги гледате Стеф Кари и соиграчите ќе бидат од 32-40 долари, додека за место покрај паркетот, цената ќе биде од 625 до 715 долари. Доколку некој сака да биде дел од атмосферата во текот на цела сезона, ќе мора да одвои 30.745 долари, и тоа без натпреварите од плеј-офот.
Игрите на Вориорси доведоа драстично зголемување на влезниците, кои пред две години изнесуваа само 18 долари, односно 450 за место покрај теренот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.