| четврток, 6 декември 2018 |

Срцето му застанало додека гол и крвав трчал во зимската ноќ – ужасна смрт ја потресе Франција

janis
Малиот, 5-годишен Јанис, бил пронајден само по гаќички покрај каналот во Ер Сир ла Лиса во Франција, бидејќи срцето му застанало откако очувот го претепал и го натерал во студената ноќ да трча надвор – бидејќи извршил нужда на сон во креветот.

Малиот Јанис, по потекло Албанец, имал скршен нос и неколку повреди на главата.

janis2

30-годишниот очув на детето и неговата 22-годишна мајка биле задржани во полиција, бидејќи постои сомнение дека веќе долго го злоставувале детето. Отворена е истрага за убиство, а првите информации укажуваат на тоа дека Јанис умрел поради срцев застој.

-Истрагата ќе покаже дали детето умрело од студ, од можен пад, или од злоставување – рекол портпаролот на полицијата.

janis3

Обвинителот Патрик Лела вели дека детето „било принудено да трча по патеката долга неколку километри покрај каналот“. Очувот, како што се наведува, го пратил на велосипед, а детето подоцна било пронајдено онесвестено со неколку повреди на главата.

Наводно мајката и очувот се јавиле во итна помош, кога го пронашле детето онесвестено на 200 метри подалеку од куќата.
Еден сосед на парот рекол дека мајката на момчето неодамна се доселила и дека за неа малку се знае. Парот наводно се венчал во 2015. година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top