| четврток, 6 декември 2018 |

Пронајдено мртво во канал: Очув казнил петгодишно момче оти се измокрило

Петгодишно дете е пронајдено мртво како лежи во канал, откако наводно татко му го казнил затоа што се измокрил во кревет.

Трагедијата се случила во Ер сир ла Лис, oпштина во северна Франција. Очувот наводоно го натерал петгодишниот Јанис среде ноќ да трча неколку километри покрај каналот, облечен само по гаќи и чорапи. Како што пренесува „Мирор“, мажот го следел детето на својот велосипед.

Безживотното тело на момчето е пронајдено подоцна во каналот, откако очувот повикал Брза помош. Според првичните информации, причина за смртта е срцев застој.

Француските медиуми, пак, пишуваат дека дете имало повреди на главата и скршен нос. Обдукцијата треба да покаже дали повредите настанале истата ноќ или се резултат на претходно злоставување.

– Истрагата ќе покаже да ли причина за смртта е хипотермија, пад или злоупотребувањето на детето – изјави портпаролот на француската полиција за „Ле Парезиен“.

Мајката(22) и очувот(30) се уапсени под сомнение дека се одговорни за смртта. Тетката на момчето, пак, на „Фејсбук“ отворила страница на која собира донации за погребот на малиот Јанис.

Според соседите, тие се доселиле пред само 2-3 месеци и биле повлечени луѓе.

Двојката наводно се венчала во 2015 година, а Јанис им бил единственото дете.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top