| четврток, 6 декември 2018 |

Свежи пари во Реал Мадрид, Флорентино Перез тргнува во офанзива

florentino perez

Реал Мадрид на секој начин наоѓа како да стигне до „свежи“ пари, кои може да ги искористи за доведување на нови играчи. Актуелниот европски и светски првак направил нова богата зделка, откако ги продаде правата за користење на интернт симболите на клубот, на една американска фирма.

За овој договор, реал ќе добие неверојатни 500 милиони евра, во рок од 10 години. фирмата Провиденс Еквити Партнерс веќе со години има 25 отсто од правата на МЛС лигата во САД. Перез реши да ги продаде правата и да обезбеди финансиска сигурност на клубот, во пресрет на претседателските избори во клубот.

Новата финансиска инјекција ќе значи и зголемена активност на трансфер пазарот на Реал. Мадриѓани имаа забрана за тргување во јануарскиот преоден рок, но затоа може да купуваат по завршување на сезоната. Перез сака да купи дури тројца врвни играчи, кои сега се дел од Премиерлигата во Англија.

На листата на Реал се наоѓаат напаѓачот на Манчестер Сити, Серхио Агуеро, офанзивниот играч на Тотенхем, Дели Али, како и Давид де Геа, кој е голман во Манчестер Јунајтед. За сите овие трансфери, Реал треба да одвои околу 200 милиони евра, што секако нема да биде проблем, ако се знае дека во клубот влегуваат нови 500 милиони евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top