| четврток, 6 декември 2018 |

Задоволни од Рајн Некар: Сигурни сме дека Талески ќе ни биде од голема помош

rajn nekar

Филип Талески веќе две седмици тренира со новиот тим Рајн Некар Левен. Најталентираниот македонски ракометар зимава се пресели во редовите кај германскиот шампион, кој пак од него има големи очекувања.

Тренерот на „лавовите”, Николај Јакобсен во едно интервју за медиумите од таа држава меѓу другото зборуваше токму за Талески.

– Тој остави добар прв впечаток. Но, Филип сè уште е млад и не го познава јазикот. Се надеваме дека со неговот трансфер, ние ќе го решиме проблемот на левата бековска позиција. Ќе му дадеме време да се прилагоди и сигурен сум дека Талески ќе ни биде од голема помош во наредната сезона – изјави Јакобсен.

Првата активност, првакот на Германија ќе ја има во четврток кога на домашен терен ќе го пречека освојувачот на Лигата на шампионите, Келце.

Со овој трансфер, Филип му се приклучи на Дејан Манасков и до крајот на оваа сезона ќе ги бранат боите на РНЛ. Останува да се види дали репрезентативното крило ќе остане и во наредната натпреварувачка година, бидејќи според последните информации се наоѓа на излезна врата од клубот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top