| четврток, 6 декември 2018 |

Холандскиот гениј Орландо Ворн во Скопје

Ноќниот клуб „Станица 26“ за искрените почитувачи на клубската сцена оваа сезона досега реализираше различна програма од домашни и странски артисти, содржина од разнолики музички жанрови. Изминатиот период, С26 пред својата публика ги претстави светските артисти: Octave One (Detroit,USA), Trus’me (Manchester,UK), Johannes Volk(Berlin,D), Dan Shake (LondonUK), Large Profesor vs Diamond D(NY,USA), Todd Terry (Chicago,USA), Dj Deep (Paris,FR), Louie VEGA (NY,USA). Со оваа програма би се пофалиле и најеминентните светски клубови. Промотерската куќа БАЛАНС, со цел да ја продолжи идејата и досегашниот концепт и оваа година продолжуваат да претставуваат артисти во овој клуб, кои ќе ги задоволат вкусовите на публиката.

Познатиот диџеј, музичар и продуцент Orlando Voorn од Амстердам, Холандија ќе настапи овој петок на 10ти февруари, како прв артист оваа година. За овој креативец и не е потребно многу да се објаснува, доволно е да се погледне неговата Discogs страна како потврда за квалитетот на неговата работа изминатите години, човек кој има оставено сериозен допринос за светската електронска мусичка сцена.

Следен гостин по Orlando Voorn ќе биде јужно африканската мега ѕвезда Black Coffee, кој ќе настапи на 17 февруари.

На прашањето кој е Орландо Ворн, познавачите на светската електронска сцена едногласно ќе потврдат дека тој е еден од првите холандски артисти, кој ја воспостави конекцијата меѓу Детроит и Амстердам во почетокот на 90те години. Сцената го препозна како еден од најмоќните светски продуценти на електронската денс музика. Тој почна да се занимава со диџејство на само 12 години. Малку подоцна неговиот талент беше откриен на некои од познатите холандски радио станици. Тој од самиот почеток е голем визионер во комбинирањето на звуците и ритамот. Кога ќе се погледне наназад неговиот професионален багаж, тој на само 9 години бил одличен тапанар и дотолку бил талентиран што неговите професорите сфатиле дека нема потреба ниту да чита ноти, тој бил природен талент, кој можел да отсвири се што ќе слушне. Па целово ова музичко познавање кое го имал, подоцна му помага во создавањето музика. Тој не морал да користи семплови, туку креирал траки, композиции, кои потоа ги свирел на сајзер, пијано, бас, тапани… Благодарејки на овие предности за кусо време го запознал Хуан Аткинс со кого почнал да соработува и да продуцира траки. Во меѓуврмее  соработува и со Кевин Сандерсон и со Дерик Меј. Негови лејбови се NightVision, Divine, Ignitor и Triangle & Slamdunk.

Баланс е докажана промотерска куќа, која има организирано десетици настани со артисти од разни страни на светот, како и активна промоција на домашни артисти. Има организирано три фестивали, кои имаа огромна посетеност, два пати досега фестивалот „Фонетика“, кој се случи во Изгрев и Ливадиште Струга и едно издание на „Етика Фестивал“ на плажата Парк во Охрид. Баланс исто така во 2006 година, пред точно 10 години во соработка со издавачката куќа „Три“ го објави преводот на македонски на познатата книга за електронска музика на Г-дин Laurent Garnier (ЕЛЕКТРОШОК)…

Баланс, својата работа ја започна на 15 Јули 2000 година, каде за првпат пред македонската публика го претстави добро познатиот Derrick May. 14 години подоцна, поточно во 2014 година во Антички театар во Охрид, Меј настапи со Македонската Филхармонија. Баланс својата мисија и идеја ја продолжува… со цел да се доразвие и надогради со својата програма во Станица 26.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top