Милан влезе во лоша резултатска серија која го тресе и столчето на тренерот Винченцо Монтела. Третото место кое носи во Лигата на шампионите сега изгледа така нереално за „росонерите“, а кинеските инвеститори кои за еден месец треба и официјално да влезат во клубот, уште отсега сакаа да го сменат Монтела. Тие смераат дека Роберто Манчини, поранешниот стратег на Интер и на Манчесер сити, би бил идеално решение за клупата на Милан. Иако имаше барање Монтела веднаш да биде сменет, сепак, Адријано Галијани одлучи да не брза со едно вакво решение.
Но, дали Монтела ќе ’преживее’ и по еден месец, кога Кинезите и официјално ќе инвестираат 320 милиони евра во клубот од „Сан Сиро“, останува навистина отворено прашање. Тогаш Адријано Галијани веќе нема да има големи овластувања, туку Марко Фасоне ќе ја преземе неговата улога во клубот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Колкаво богатство поседуваат сопствениците на фудбалските тимови од Премиер лигата?
-
Новиот сопственик на Милан под истрага, ќе се испитува продажбата на клубот
-
Италијански медиуми: Пепе Реина од следната сезона ќе го брани голот на Милан
-
Милан тргна по Бразилецот Линколн, нуди 30 милиони евра за фудбалерот на Фламенго