
Али Ахмети не може во кус рок да донесе решение што е за партијата добро, без оглед дали е коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи има силно лоби од три градоначалници и нивни соработници во партијата, тие се богати, тие вработуваат луѓе, значи тие имаат финансиска моќ да купат и продадат, тие даваат тендери во општините каде што власта не е мала, тоа се богати општини тетово, Гостивар и Чаир, вели новинарот Драган Павловиќ- Латас во емисијата „Од наш агол“.
-И сега тие имаат во партијата свои луѓе кои се зависни од нив, Ахмети не може да ги елиминира за 20 – 30 дена, тие влијанија, му треба врме. И да прави коалиција со ВМРО, не може да ја прави брзо, тој не ја решил групава која е против него, а моќна е. Од друга страна, ги пушта нив тројца, кои се со резервни членски книшки на СДСМ, Арифи, Меџити и Бејта да преговараат со своите. Јас сега поставувам прашање, ако преговараа со своите, дали вчера Шекеринска ги предаде копиите од телефонските разговори кои ги имаат за Али Ахмети ( и приватни, и политички, и интимни), за Муса Џафери и другите да бидат дадени на ДУИ како знак на добра волја. Тие ги држат за гуша, бидејќи ги имаат нивните телефонски разговори, приватни лични, интимни, го имаат СЈО кој може да го гони Ахмети за случајот со „Маџар телеком“, имаат на маса уценувачки фактори,а не може да понудат ништо, вели Латас.
Тој додава дека не може СДСМ да ја реши двојазичноста која ја нуди, затоа што зависи од гласовите на ВМРО-ДПМНЕ, не може кантонизацијата која ја нуди, зошто зависи од гласовите на ВМРО-ДПМНЕ.
Овие тројца градоначалници се гледаат себе и во анредниот амндат и се борат за мандат, не се борат за коалциија. Затоа пто, ако помине предлогот на СДСМ за кантонизација, општините би добиле многу поголеми права. ДУИ не може да донесе брзо решение. СДСМ не може да изгласа двојазичност. Ова се преговори за опстанок на Али Ахмети на чело на ДУИ, вели Латас.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
ДУИ не се подготвени: Не е време за предвремени избори
-
Ахмети: ДУИ има огромен придонес во менувањето на името на државата со цел доближување до ЕУ и НАТО
-
ДУИ бара да се казнат виновниците за смртта на Саздовски
-
Османи го информираше ДУИ за договорот, партијата со целосна поддршка на Владата во преговорите за името


