Баерн Минхен и Борусија Менхгладбах се пласираа во четвртфиналето од Купот на Германија.
Во дербито на осминафиналните пресметки Баерн славеше против Волфсбург минимално со 1-0, но доволно за пласман во четвртфиналето. Даглас Коста во 18. минута ја погоди мрежата на противникот за славје на Баварците.
Фудбалерите на Борусија Менхенгладбах на гостински терен го совладаа Гројтер со 0-2 (0-2). Гостите поведоа во 12. минута со голот на Вендт, а се чини клучниот момент се случи во 18. минута, кога беше исклучен домашниот играч Пинтер. Пред одморот за гостите погоди и Азар, за сигурни 0-2. До крајот гостите играа рутински без да дозволат некоја поголема шанса за домаќините и заслужено се пласираа во четвртфиналето.
Пласман во следната рунда обезбедија и фудбалерите на Хамбургер кои на домашен терен го совладаа Келн со 2-0, додека четвртфинале обезбеди и Арминија Билифилд, која на пенали го совлада Валдорф.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.